Внимавајте крадците напаѓаат - огромни пари украдени од куќа во скопско

Засега непознат сторител во текот на вчерашниот ден ја ограбил куќата на Б.Ј. во скопското село Бујачани.

Според информациите од МВР, натрапникот со остар предмет успеал да го отвори прозорецот од куќата, влегол внатре, ги пребарал собите и си заминал со 9.100 франци, 1.100 евра, 65.000 денари и 100 долари.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот.

најчитано сега