ФОТО: Охриѓани ги опколија ракометарите на Металург

Топол прием на ракометарите на Металург во Охрид, каде денеска и утре ќе се одигра завршницата на ракометниот Куп на Македонија.

Во првото полуфинале, кое ќе се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“ од 15 часот ќе играат ланскиот победник во ова натпреварување Металург и Зомимак. Ова воедно е реприза на ланското финале.

Во второто полуфинале кое почнува од 17:45 часот двојката ја сочинуваат Вардар и Пролет.

Победниците на двата натпревара во недела во терминот од 17:45 часот ќе го играат големото финале.

17.05.2014 - 13:01
Фото: 
Фејсбук/Филип Миркуловски
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега