И Гога Секулиќ во својот дом прими неколку семејства од Обреновац

Познатата пејачка како и многу други свои колеги им помогна на најзагрозените во овие мигови.

 

Гога Секулиќ по повод катастрофата што и се случи на Србија на својот Фејсбук профил напиша:

“ Драги мои, добро знам што значи голема загуба, почувствував на своја кожа. Ме фаќа голем страв и не му посакувам никому.

Мораме да бидеме сложни во овие тешки мигови, затоа помогнете им на сите на кои им е потребна помош. Јас секогаш сум подготвена да помогнам онолку колку што сум во можност и колку што имам моќ. Моето семејство и јас во семејната куќа примивме неколку семејства од Обреновац.

 

Помогнете ако имате како, а најмалку што можете да направите е да испратите празна СМС порака на 1003 за да донирате. Да се држиме заедно и да се помолиме за најзагрозените од овие невидени поплави. Бог нека ни е на помош!” , напиша Гога.

18.05.2014 - 14:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа