Словенечки и италијански туристички искуства да се применат во Македонија

Министерството за економија на Република Македонија и УНИДО денеска организираат работилница „Кластери во туризмот, продуктивни индустрии и регионален развој“. Работилницата е дел од проектот „Промовирање на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија”.

Целта на работилницата е да се споделат искуства од две успешни студии на случај, од Словенија и Италија, и да се истражи потенцијалот за нивна реализација во регионот на Охридското Езеро и Тиквешкиот регион.

На работилницата ќе се обрати Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија и Аднан Шариќ, менаџер на проектот. 

04.06.2014 - 08:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега