Модерни словачки филмови во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија од денеска до 11-ти овој месец почнува неделата на словачката кинематографија.

Неделата на словачки филм ќе стартува со проекција на филмовите „Во коцка“ во режија на Михаел Струс и „Кандидат“ на Јонаш Карасек.

Во следните денови ќе бидат прикажани филмови кои моментално ја презентираат словачката кинематографија на светските и домашните филмски фестивали. Станува збор за филмовите „Чудо“ во режија на Јурај Леготски, „Моето куче Килер“ од Мура Форнау, „Дури до градот Аш“ во режија на Ивета Грофова, „Дом“ на режисерката и сценаристка Зузана Лиова..... Покрај играните филмови селектирани се и три документарни филмови кои се реализирани неодамна „Слепи љубови“ на Јурај Леготоски, „Како се готви историјата“ на Петер Керекес и „Осадне“ на режисерот Марко Шкоп.

Настанот се одржува по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Словачка, а настанот се реализира под покровителство на словачкиот амбасадор Мартин Безак и македонската министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска. Организатор е здружението на граѓани VLNA. 

04.06.2014 - 09:58
Фото: 
А1Он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега