ВИДЕО: „Acoustic Groove“ со нова преработка - слушнете како звучи

 
„Acoustic Groove“ е група составена од двајца талентирани момци – Македонци, кои својот квалитет и уметност досега го докажуваа со интерпретација на македонска забавна музика. Оваа група прв пат се споменува во 2013 година, постои 7 месеци, но двете гитари на Иван Веселиновски и Никола Велиновски континуирано ја негуваат македонската музика, со што успеваат со својот талент да се пробијат во музичките води со свој стил на посебен начин. Првата преработка на „Аcoustic Groove“ беше песната „Ти си проблем“ од легендарните Студени нозе и истата беше одлично прифатена и поддржана од публиката. Денес овие двајца момци – македонци, на својата публика им ја промовираат новата преработка и видео запис од песната „Се е против нас“ од Куку Леле. Ова не е прва, но не е ни последна песна која е отсвирена од нас. Музиката на некој начин е нашиот живот, нашата уметност и нешто што сакаме да го правиме. Досега успеавме да направиме само две преработки од македонски песни, следното што го поготвуваме е една убава балада која ќе биде снимена во Градскиот парк, а потоа веруваме во тоа дека ќе издадеме и некоја авторска песна. Целите ни се големи, но желбата уште поголема. – велат едногласно членовите на „Acoustic Groove“. „Acoustic Groove“ често можат да се забележат низ скопските кафулиња, како и низ околните градови каде што публиката ги дочекува со огромно задоволство.

09.06.2014 - 10:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега