На Тито Петковски добро му дојде кризата во опозицијата

Катастрофата на локалните избори го раситни опозицискиот блок, аналзиира Утрински весник. Покрај високи партиски функционери, од јатото на Црвенковски по изборниот пораз си заминаа и Фијат Цаноски со неговите 2 пратеници како и Драгиша Милетиќ. Љубов на СДСМ му откажа и Ивон Великовски и неговата Либерална Партија со што парламентарната група на СДСМ стана покуса за 5 пратеници. И додека едни коалициони партнери заминуваат од опозиискиот табор, други се грижат како да си ја зацврстат довербата кај лидерот. НСДП на Тито Петковски е една од партиите која е цврсто решена да им остане верна на социјалдеморатите, иако пред некоја година беше првата која реши да не прима директиви од Бихаќка. Лидерот Петковски во познатиот социјалдемократски стил, „сите што не се со нас се ВМРОвска инсталација“ вели дека ситнењето на широката коалиција на опозиционерите добро им дошла.

„По криза, најдобро се гледаат слабите страни на една коалиција. Ние сега точно знаеме каде згрешивме. Се покажаа погрешни очекувањата дека ќе успееме да ја демократизираме владејачката гарнитура и дека е можен механички збир на гласови. Освен тоа, оваа колиција е премногу хетерогена, особено од идеолошки аспект“, вели Петковски за Утрински весник, додавајќи дека новите партии кои ги најавуваат Бучковски и Јакимовски се вмровски инсталации кои требале да го раситнат членството на левицата.

И додека Петковски ја прави опозициската математика, експертите не ја исклучуваат можноста Конгресот закажан за 2 јуни дополнително да ја разедини коалицијата предводена од СДСМ

 „Kонгрес каде што се избира нов лидер, особено на кој има повеќе кандидати, не мора, но може да значи фактор за нови поделби, фракции во рамките на партијата. Тоа нужно не значи дека СДСМ по Kонгресот ќе доживее распад и дека кандидатите што ќе изгубат нема да му ја дадат својата понатамошна поддршка и соработка на избраниот лидер, особено затоа што и сега во рамките на внатрепартиската кампања е постигнат некој премолчан договор за ненапаѓање, па дури и соработка“ - вели за Дневник, Здравко Савевски, професор по политички науки на ФОН. 

А.С.

најчитано сега