Радост за пензионерите: Од денеска бесплатно во автобус и во недела

Од денеска ситежени од 62 години и мажи од 64 години ќе можност бесплатно да се возат во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и во недела. 

Одлуката ја донесе Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19 февруари годинава, но со одложена примена до завршувањето на претседателските и парламентарните избори.  

- Одлуката за бесплатен превоз и во недела, не само што ќе им биде од корист на повозрасните граѓани, туку и ќе го намали метежот во автобусите на ЈСП „Скопје“ во текот на работните денови, информира Град Скопје.

22.06.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега