Од денеска влез во Македонија и Косово без ПЦР тест

Од денеска граѓаните на Косово и Македонија можат да направат влез во двете земји без потреба од негативен ПЦР тест.

Од Владата вчера апелираа до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Инаку, Владата вчера извести дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина сепак нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега