Падна одлука: Припадници на Армијата заминуваат за Ирак

 

Штотуку заврши 97-та владина седница на којашто беа донесени низа одлуки. Една од нив е и одлуката за заминување на припадници на Армијата на нашата земја во Ирак, за учество во мисија на НАТО, поточно „NATO Mission Iraq“. 

Освен во Ирак, припадниците на македонската армија ќе учествуваат и во други мисии во други држави.

„На денешната владина седница, на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, меѓу коишто за учество во: НАТО мисијата „NATO Mission Iraq - NMI“ во Ирак; за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“, во Република Косово; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence - eFP ), во Република Летонија; за учество во меѓународната операција на ООН, „УНИФИЛ“, во Република Либан“, информираат од Владата. 

01.11.2022 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега