Патиките на Џордан продадени за рекордни 8 милиони долари

Иако повеќе од 20 години Мајкл џордан не се занимава со кошарка, тој е сеуште еден од најпопуларните спортисти во светот.

Доказ за тоа е и последната аукција во Њујорк, каде шесте пара патики кои ги носел на патот за освојување на шест шампионски титули се продадено за осум милиони долари.

„Рекордните цени платени за некои патики се само уште една почит на најдобриот на сите времиња. Ова е неспоредлив момент во историјата на аукциите, а продажбата на шест пара патики во кои е освоена титулата веројатно никогаш повеќе нема да се повтори“ - изјавуваат од аукциската куќа Сотби.

Ова не е најпродаваниот предмет од колекцијата на Мајкл Џордан. Дресот што го носеше на натпреварот број 1 од неговото последно финале против Јута достигна 10,1 милиони долари во септември 2022 година.

За споредба, дресот на Лионел Меси, кој го носеше во 2022 година кога Аргентина стана светски првак беше продаден за 7,8 милиони долари.

05.02.2024 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега