Петрушевски: Власта предлага човек за уставен судија којшто не постапуваше или несоодветно постапуваше во сите скандали обелоденети во јавноста

„Согласно нашите закони за жал единствен услов да станеш уставен судија, кој што има деветгодишен мандат, значи деветгодишен мандат и ужива деветгодишен имунитет е да те предложи владејачкото мнозинство. Во нашето законодавство нема никакви критериуми кој може да биде уставен судија освен да биде истакнат правник, тоа е формулацијата. И низ таа формулација се протнуваат сите можни кандидати кои што одговараат на владејачкото мнозинство.  За уставни судии се предлагаат како почнувајќи од последниот актулениот државен јавен обвинител, човек кој што во изминатиот период и те како не постапуваше или несоодветно постапуваше во сите скандали обелоденети во јавноста кои што директно се случуваа од власта“истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на МРТВ.

Петрушевски додаде дека и сега бидејќи актуелниот јавен обвинител одработил за СДСМ, одработил за ДУИ, истиот тој треба да биде уставен судија по логиката на власта.

„И наместо како сите останати граѓани во Република Македонија на 68 години да ужива во пензионерските денови, господинот Јовевски треба да биде уставен судија уште девет години до 77 години за да му врати она што СДСМ нели го задолжила“, рече тој.

 

20.09.2022 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега