Почина уметникот Илија Аџиевски

 

Денес почина доајенот на македонската ликовна уметност Илија Аџиевски на 97 годишна возраст.

Илија Аџиевски е роден во Струга во 1926 година. Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ. Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот. Учесник е на значајни национални и интернационални изложби.

Погребот е закажан за среда на 25.10.2023 година во 14.00 часот, на градските гробишта во Струга.

24.10.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега