Почина жената од Неготино која беше брутално претепана од сопругот

Вчера почина 46-годишната жена од Неготино, откако беше претепана од страна на нејзиниот партнер П.Н. (51) на втори август, пренесува Фокус.

Жената од Неготино починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Откако беше брутално претепана од сопругот со боксови по глава, падна во кома, а во текот на вчерашниот ден починала.

Раководителката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, д-р Маја Мојсова, изјави дека жената била донесена со многу тешки повреди на мозокот и черепот.

Жртвата беше мајка на две полнолетни деца. Македонската јавност се уште е запрепастена од овој настан.

07.08.2022 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега