Пожарникарите и утринава на терен: Се расчистува просторот кај фабриката „Треска“

 

Екипи на Противпожарната бригада на град Скопје и изутринава интервенираат за расчистување на теренот зафатен од пожарот што избувна вчера во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје.

Од скопската противпожарна бригада за МИА потврдија дека на терен е екипа со четири возила и пожарникари кои, како што изјавија, работат на затворање на пожарот.

Пожарот што избувна вчера попладне во магацин во кругот на „Треска“ беше изгаснат синоќа, зафати пластични материјали, дрва, грмушки и отпад и предизвика густ црн чад во центарот на Скопје, но нема повредени лица.

15.04.2022 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега