Променета одлуката: Нема влез во Србија, Црна Гора и БиХ без ПЦР тест – без тест само во Косово

Владата соопшти дека поради влошувањето на состојбата со ковид -19  во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

Пред пет дена Владата на предлог на комисијата за заразни болести донесе одлука да овозможи  граѓаните од Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина да можат да влегуваат во земјава без да покажат ПЦР тест. Според договореното со здравствените власти од овие земји требаше од 12 октомври и нашите граѓани да можат да влегуваат во овие земји без ПЦР тест.

Денеска вицепремиерот Артан Груби  изјави дека одлуката од полноќ ќе се реализира.

– Нашите граѓани ќе можат да патуваат во соседните земји, без потреба од ПЦР тест. Како што знаете, со Албанија можеме да ја преминеме границата и граѓаните на Албанија можат да дојдат кај нас без да покажат тест и се надевам дека ова ќе започне со Косово и Србија утре, бидејќи владите на тие земји беа позитивни за отворање на границите – рече Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега