Пукање во Лондон, има повредени

Три лица се повредени при пукање во Клафам, јужен Лондон, пред паб, соопшти службата за итна помош, пишува „Дејли Мејл“. Полицијата веднаш почнала да трага по напаѓачот.

Се претпоставува дека напаѓачот пукал од сачмарка, од мотор и веднаш побегнал од местото. Две лица се повредени од огнено оружје, а третото лице е повредено кога напаѓачот налетал со мопед.

Итната помош била повикана околу 17 часот, а на лице место била повикана и итната помош од хеликоптер.

На лице место помош била укажана на три лица, едно лице било префрлено во болница, а уште две во главниот трауматолошки центар. Полицијата смета дека никој од повредените не е во животна опасност.

Очевидци од блискиот ресторан изјавиле дека слушнале два истрели, а кога излегле надвор виделе мотоцикл како со голема брзина се движи покрај тротоарот.

Според „Mail Online“, се верува дека нападот нема никаква врска со тероризам.

 
01.03.2024 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега