Ракетен напад на Израел врз Сирија: Цивилни жртви во Хомс

Израел истрела проектили врз градот Хомс во Сирија, објавија сириските државни медиуми.

Воен извор за агенцијата САНА изјавил дека нешто по полноќ, Израел извршил воздушен напад од правец северно од Триполи (Либан), чија цел била голем број точки во градот Хомс и неговата околина.

Сириската воздушна одбрана собори неколку проектили, изјави овој извор за агенцијата. САНА наведува дека во овој ракетен напад има повеќе цивилни жртви.

Израел со години извршува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија со години, а од почетокот на конфликтот со палестинскиот Хамас на 7 октомври, овие напади се интензивираа.

07.02.2024 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега