СДСМ: Мицкоски е на чело на антиевропскот концепт кој значи враќање назад и изолација

„Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека е анти ЕУ политичар кој работи на штета на граѓаните и државата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеа граѓаните дека македонскиот јазик ќе биде збришан, дека следува наводна асимилација на македонскиот народ. Потпишувањето на Договорот со Фронтекс кое ќе следи на македонски јазик без фусноти е уште една потврда дека Христијан анти ЕУ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека нема фуснота за македонскиот јазик и сите лаги на Мицкоски се потонати во вода.

„Нема ниту асимилација ниту бугаризација, туку има чист македонски јазик во ЕУ. По 17 години чекање, започнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет. Со ваквото однесување, Мицкоски потврдува дека е предводник на антиевропскиот концепт кој значи враќање назад во изолација и неизвесност. Тоа, СДСМ заедно со интитуциите и граѓаните, нема да го дозволи, македонската иднина е сигурна и таа е европска“, порачаа од партијата.

18.10.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега