СДСМ: Може Мицкоски да лаже и да се заканува, ништо не го менува фактот дека тој постојано е на погрешната страна на историјата

СДСМ преку соопштение порача дека не ја разбираат потребата Христијан Мицкоски да лаже и да работи на штета на државата.
 
„Мицкоски прво лажеше за наводна бугаризација и асимилација, потоа лажеше за кодификацијата, а сега самиот себеси не се разбирал за македонскиот јазик.
 
 
Мицкоски се прави дека не го разбира она што секому му е јасно – македонскиот јазик влегува во ЕУ со чиста формулација, без никакви дополнителни фусноти и објаснувања.
 
 
Шокантно е тоа што Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев се обидоа по секоја цена да ја дестабилизираат државата и да ја одвратат од европскиот курс, да ја втурнат во поделби и неизвесност“, велат од СДСМ.
 
 
СДСМ смета дека на Мицкоски му останале само „фрустрациите и нервозите кои ги преточува во очајнички закани“.
 
 
Може Мицкоски да лаже и да се заканува, ништо не го менува фактот дека тој постојано е на погрешната страна на историјата, на спротивната страна од националните и државните интереси, порачаа од партијата.
21.07.2022 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега