СДСМ: Пиштолџиите се дел од крвавото сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари

СДСМ реагираше на претходното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците создавале крвави сценарија за меѓуетнички инциденти.

„Сите пиштолџии лица кои вперуваа и пукаа со пиштоли во Скопје се пронајдени и се санкционирани и сите до еден се или членови или блиски луѓе до структури на Алијанса.

Наместо да прави конструкции, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио?

Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио“, прашуваат од СДСМ.

Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје, бара одговор владеачката партија.

„Како што расте нервозата од неуспешното крваво сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари така се зголемува и продукцијата на лажни вести, манипулации и конструкции од белиот дворец.

Нервозни се затоа што и покрај сите нивни обиди за дестабилизација и покрај сите провокации и закани, граѓаните им го свртеа грбот и решија државата да продолжи по европскиот пат“, велат од СДСМ.

15.07.2022 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега