СДСМ: Само очајни политичари како Мицкоски блокираат Собрание и рушат државни позиции

СДСМ преку ново соопштение порача дека само очајни политичари го блокираат Собранието.

„Само очајни политичари како Христијан Мицкоски блокираат Собрание во време на криза и газат државни позиции во спорот со Бугарија во клучни моменти.
 
Мицкоски не е само неодговорен, тој е лажен патриот кој дома зборува едно а надвор на Конгрес на ЕПП поддржива Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.
 
Со денови Мицкоски молчи и бега од одговор на прашањето зошто и го прави ова на сопствената земја, на сопствениот народ.
 
Во време на најголема светска економска криза Мицкоски ја блокираше работата на Собранието, ги кочеше законите на сметја на граѓаните.
 
Само во едно е константен Мицкоски, по секоја цена го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
 

 

На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски“, соопшти СДСМ.
05.06.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега