СДСМ: Во набавката на кинеските вакцини, нема ништо незаконски

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно делување и преку лаги и измислени конструкции се обидува да го девастира здравствениот систем и да внесува страв и вознемиреност кај граѓаните, обвини СДСМ преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски без докази со лажни обвинувања за наводни провизии и нерегуларности, намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини, со што предизвикува директна штета за здравјето на граѓаните. Во набавката на кинеските вакцини, нема ништо незаконски. Владата ги користи сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители. Граѓаните знаат дека СДСМ и институциите што ги предводи вложуваат максимални напори за заштита на јавното здравје, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции, шири дезинформации и  лажна загриженост за здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнета од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2021 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега