Села до граѓаните: На 17 октомври на ДУИ ќе им ги „скршите носeвите“

Дали некогаш сме ве излажале? Дали ги исполнивме ветувањата што ги дадовме? Овие треба да бидат основните вредности на демократиите и тие треба да бидат основните вредности во трката во која се појавуваме и се натпреваруваме. Пред една година дојдовме и ви понудивме програма и платформа. Денес, по една година, иако сме во опозиција, доаѓаме со исполнети ветувања. Да, да, оваа коалиција, заедно со пратениците што ги има, успеа да го донесе законот за државјанство – изјави Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, на партиски собир во Боговиње.

Села ја обвини владејачката ДУИ дека присвоила сè што можела – од обвинители до полициски началници, како и дека се обидува да си ги препише за себе заслугите кои ги имаат градоначалниците од опозицијата.

Лидерот на Алијанса порача дека на изборите на 17 октомври ДУИ ќе паднат „од височините во кои летаат“.

@Лошо ќе им ги „скршите носовите“ затоа што колку повисоко си, толку е потешко кога паднеш. Не само во Боговиње, туку и во Врапчиште и Гостивар, туку лошо ќе им ги „скршите носовите“, од Липково до Струга, затоа што овој народ толку може да издржи#, изјави Села.

08.10.2021 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега