Шаќири на средба со ректорската управа на Универзитетот „Мајка Тереза“

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оставри средба со ректорот на на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, со членови на Ректорската управа и претставници на наставниот и научен кадар од овој универзитет.

Како што информира МОН, на средбата е заклучено дека најмладиот државен универзитет ќе продолжи да расте и да станува препознатлива високообразовна установа не само во земјава, туку и пошироко во регионот, за што ја има потребната поддршка од Министерството за образование и наука, особено во  обезбедувањето кадровски капацитети и средства за наука и истражувања.

– Шаќири изрази задоволство од ангажманот на раководството и вработените во високообразовната установа, затоа што за релативно краток период од основањето, односно за период од пет години, овозможиле добра основа за понатамошен развој на универзитетот на кој во моментов студираат околу 3000 студенти. Тие, како што рече министерот, ќе дадат значаен придонес за севкупниот напредок на државата, информира Министерство за образование и наука.

Во соопштението се наведува дека претставниците на Универзитетот истакнале дека во време на голем број предизвици, многу е важно поддршката од МОН за високообразовните установи да продолжи за да бидат постигнати позитивни резултати кои ќе го унапредат нивниот квалитет.

– Како што рекоа, приоритет на УМТ ќе биде јакнење на студиските програми и нивна ориентација кон нови иновативни и истражувачки области, како и размена на студенти и академски кадар, соопшти МОН. 

19.05.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега