Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи


Француските медиуми објавија дека шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи.

Полицијта пријавила дека туристите се исчезнати од вчера. Потрагата по нив е отежната поради многу лошите временски услови во областа во југозападниот швајцарски кантон Вале.

Полицијата не соопштува детали за идентитетот на исчезнатите туристи. 

10.03.2024 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега