Си поставиле штанд на Тиквешки Гроздобер и на Егзит, ама не издавале фискални - инспекторите ги фатиле на дело
Контролите на Управата за јавни приходи за даночна усогласеност продолжуваат и во септември кај објектите на отворено.
Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите “Егзит” во Струмица и “Тиквешки Гроздобер” во Кавадарци.
-Од извршените контроли, кај 5 даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај. Управата за јавни приходи пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони, информира УЈП.
Од Управата информираат дека работните средби со исто темпо продолжуваат и понатаму .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа