Силна експлозија во Филаделфија за новогодишната ноќ - срамни четири куќи со земја

Силна експлозија одекнала на новогодишната ноќ во населба во градот Филаделфија на североистокот на САД и срамнила четири куќи со земја.

Нема извештаи за можни жртви, но има повредени.

Во извештајот на лондонскиот дневен весник Сан се наведува дека причина за експлозијата очигледно било „истекување на гас“.

Сведоци од соседството потврдија дека од силината на детонацијата целата населба се тресела,пренесе Танјуг.

01.01.2023 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега