Собранието денес треба да ги разреши министрите Меџити и Алиу и да избере нови

 

На денешната 143 седница, на дневен ред на Собранието е разрешувањето на двајацата министри, Министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество Азир Алиу.

Вчера, техничкиот премиер Талат Џафери, достави до Собранието барање за разрешување, кое доаѓа како резултат на поддршката која овие министри ја изразија за Таравари.

Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор.

На дневен ред на 143. седница се предложени повеќе точки, меѓу кои и, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, во прво читање, Предлог на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, измени и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, измени и дополнување на Законот за градење, измени и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, сите по скратена постапка.

09.02.2024 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега