Состојбата со коронавирусот во регионот: Македонија и Бугарија потврдија рекордни бројки, Србија, Црна Гора и Грција бележат благо опаѓање на новозаразени

Бројот на новозаболени со Ковид 19 постојано расте во целиот регион, а во послените неколку дена Македонија и Бугарија потврдија рекордни бројки.

Благ пад се бележи во Црна Гора, Грција и Србија, додека Албанија вчера пријави ист број на новозаразени.

Рекорден број ново заразени лица е потврден и во Бугарија - 612 од  6.048 спроведени тестови. Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Бугарија во моментов е 23.871, од кои 7.271 се активни.

Во Македонија, вчера беа потврдени рекордни 393 нови случаи на инфекција во претходните 24 часа, со што вкупниот број на случаи се искачи на 20.555. Досега 785 лица починаа  како последиците од болеста, а во моментот има 3.671 активен случај на ковид-19. Најголем број нови пациенти е потврден во Скоjе.

Црна Гора, исто така, потврди благ пад на бројот на нови инфекции во споредба со претходниот ден, со 293 нови случаи. Бројот на смртни случаи пријавени денес е еден помалку од вчера. Институтот за јавно здравје на Црна Гора потврди дека бројот на активни случаи е 4.014. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 189, а од почетокот на 198 година.

Трендот на мало намалување на бројот на пациенти во Грција е забележан и денес, со нови 306 случаи на заболување. Грчката организација за јавно здравје соопшти дека починале уште пет лица.

Во последните 24 часа, во Албанија беа потврдени 167 нови случаи на ковид-19, исто како и вчера, и починаа уште две лица. Од почетокот на пандемијата, Албанија потврди 15.066 случаи на инфекција со корона вирус и 413 смртни случаи како резултат на ковид-19.

Според податоците на здравствените институции на ентитетот, во последните 24 часа, уште 432 лица биле заразени со вирусот корона во Босна и Херцеговина, а регистриран е и еден смртен случај.

Во последните 24 часа, во Хрватска се потврдени нови 486 случаи со коронавирусот, а бројот на активни случаи е 2.662, објави Штабот за цивилна заштита. Во болницата има 382 пациенти, од кои 29 се на апарати за дишење, а уште четири лица починаа како резултат на ковид-19.

Во Србија пак вчера, 4.976 лица биле тестирани за вирус корона, од кои 168 биле позитивни, додека едно лице починало.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега