Средбата не помина според очекуваното: Бајден го помина премиерот на Црна Гора

 

Еден од лидерите на Демократскиот фронт, Милан Кнежевиќ, објави снимка од средбата меѓу премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и претседателот на САД, Џо Бајден, на самитот на НАТО во Брисел.

Премиерот на Црна Гора со рака на градите, климна со главата и  го поздрави американскиот претседател.

Бајден му кимна со главата, а потоа Кривокапиќ го удри со тупаница по рамото, во знак на поздрав, на што шефот на Белата куќа не реагираше, туку само помина покрај него.

„Средба со стари пријатели или што би ми реколе во Зета:„ Не ме допирај, нема да те допрам… “, напиша Кенешевиќ.

Слична сцена беше видена и во 2017 година за време на самитот на НАТО. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп, протуркајќи група официјални лица, го тргна од патека тогашниот црногорски премиер Душко Марковиќ.

15.06.2021 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега