Стаменкоска Трајковкса: Ковачевски уште на почетокот си дозоли да лаже за својата кратка биографија

„Околу нелегитимниот премиер Ковачевски, кога тој се нафати да биде премиер на држава во која нема излезено да го праша јавно народот на избори, легитимно да добие легитимитет за неговото работење како премиер во државата, што да очекуваме понатаму? Јас само да потсетам дека тој е еден од ликовите во државата кој лажеше за неговата кратка биографија, дали тој бил на студии на Харвард. Јас исто така имам посетувано многу обуки да кажам во светот, па зар тоа ни дава за право да лажеме дека сме биле на студии? Зар мене ми дава за право јас да кажам дека сум била на студии во Сорбона? Не! Туку чесност и принципиелност треба да биде на највисоко ниво, сепак работиме државничка работа со која имаме одговорност пред граѓаните“, истакна Бети Стаменкоска Трајковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Стаменкоска Трајковска додаде дека од самиот почеток Ковачевски си дозволил да лаже за неговата кратка биографија. Пратеничката во текот на гостувањето се осврна и на хаосот кој што владее во Собранието.

„Кога Собранието е раководено од кадри кои хаотично го раководат истото, дали не е исправно да биде целата ситуација вака развлечена како што е. Сосема се е непрофесионално, и некадарно направено. Еве само ќе се осврнам на последните активности кои ги имаме деновиве во Собранието, се случува телефонски да ни се јавуваат дали ние ќе присуствуваме на одредена Комисија и дали ќе им правиме кворум, со  службите го прават тоа. Службите не се тие кои треба да го прават тоа. Обезбедувањето на кворум е должност на власта, сепак тие имаат мнозинство. Но, проблемите кои власта ги има измеѓу прави овие последни денови да тие воопшто не можат да си соберат кворум за работа“, појасни таа. 

 

20.09.2022 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега