Старец од Ресен загина откако паднал по скали

78-годишен старец од Ресен загинал откако паднал по скали.

-Вчера во 12.45 часот во Полициската станица Ресен, С.С. од Скопје пријавил дека неговиот татко П.А.(78) од Скопје, паднал од скала и се повредил. Тој бил пренесен во ЈЗУ Ресен, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и од извршениот разговор со сопругата на починатиот било утврдено дека П.А., додека извршувал активности во  дворот од викенд куќата во туристичката населба Претор, каде што престојувале заедно, паднал по скалите во дворот и се повредил, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа