Стојкоски: Ѓорче ќе го менува ликот, заборавените места ќе бидат урбани катчиња

Нови дрвореди, урбана опрема и спортско-рекреативни содржини ќе добие пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров. Александар Стојкоски, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општината има зацртано да направи урбанизација и модернизација на местото, каде жителите ќе можат да го поминуваат слободното време.

„Пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров е место каде што многу жители го поминуваат своето слободно време, дали со пријателите, со семејството, со домашните миленичиња. Но, за жал премногу е очигледно дека на овој простор му треба многу љубов, многу повеќе грижа и многу повеќе работа. Се обврзуваме дека во наредниот период ќе поставиме многу повеќе канти за отпадоци, ќе поставиме многу повеќе клупи на кој што ќе можат да одмараат посетителите на ова место, како и поставување нови содржини во делот на спорт и рекреација. Од обете страни на патеката ќе подигнеме и нови дрвореди, а со тоа ќе придонесеме да ја подигнеме нашата свест за зачувување на животната средина, како и сите заедно да се погрижиме овој простор да стане поубав“, смета Стојкоски.

 

Стојкоски во повеќе наврати напомена дека проблемите на жителите ќе ги решава од првиот ден кога ќе влезе во општината. Тој посочи и дека нема да дозволи да оди со наведната глава поради нереализација на ветеното. Во изминативе денови, кандидатот е постојано со граѓаните, ги посетува сите домови, организира средби. И по доаѓањето на функцијата, се обврзува да продолжи со непосредна комуникација.

08.10.2021 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега