Судот пресече на роденденот на Александар: Северина денешниот ден ќе го памети до крајот на животот, целиот Балкан на нозе

Пејачката Северина Вучковиќ денеска е најсреќна жена на светот, но не само поради роденденот на нејзиниот син единец, туку и поради информацијата дека судот и го вратил старателството над синот Александар кој го изгуби пред дваесетина дена.

Имено откако јавноста се крена на нозе, а регионот постојано информираше за овој скандал, Жупанскиот суд во Сплит одлучил повторно да и го врати старателството на пејачката над синот кое од неодамна го доби неговиот татко Милан Поповиќ.

Како што пишува „Слободна Далмација“ на својата одржана седница на 6 февруари оваа година се одржала седница на која се донела одлука родителите на 12 годишното момче се должни „родителската улога да ја обавуваат поразумно, заеднички и рамноправно“, пишува медиумот и наведуваат дека синот и е вратен на Северина.

За пејачката денес е нај радосниот ден покрај роденденот на Александар, пишуваат хрватските медиуми.

20.02.2024 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега