Телохранителот на Тејлор Свифт се врати во Израел да се бори против Хамас

 

Личниот телохранител на поп-ѕвездата Тејлор Свифт се врати дома во Израел за да се бори против Хамас, јавуваат странските медиуми.

„Вараети“ потврди дека телохранителот, кој сака да го задржи своето име анонимно, одлучил да ја напушти Америка за да им се придружи на резервистите на ИДФ бидејќи ги видел нападите на Хамас врз израелските граѓани.

Новинарот Еран Свиса од израелската новинска страница „Израел хејом“ (Israel Today) ја сподели веста на „Тик-ток“, каде што напиша дека неименуваниот телохранител, кој наводно бил член на израелските одбранбени сили (ИДФ) пред да дојде во САД, се вратил во својата татковина бидејќи не можел да стои настрана додека семејствата ги убиваат во нивните домови.

Преку социјалните мрежи телохранителот ги повика другите да не стојат на страна не правејќи ништо. „Немојте да бидете на погрешната страна на историјата“, порачува младиот човек.

Тој дури и сподели фотографија во униформа на својот „Фејсбук“ во неделата.

Инаку, станува збор за телохранителот што стана вирален хит пред неколку месеци кога се појави видео на кое се гледа како детаљно ја проверува публиката на концертот на Тејлор Свифт за да ја заштити пејачката.

Свифт досега јавно не кажа ништо за војната меѓу Израел и Хамас. Поп-ѕвездата моментно го промовира излегувањето на концертниот филм Eras Tour, кој викендов се најде на врвот на киноблагајните во САД.

 
17.10.2023 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега