Тинејџер извршил кражба од дворот на манастирот во Кавадарци


Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци. Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. 

28.03.2024 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега