Тројца гостиварци уапсени- при претрес на автомобилот полицијата пронашла кокаин

 

Синоќа околу 21,40 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода О.Р.(20) од Гостивар и О.Р.(29) и Б.А.(22) од гостиварско Чегране.

При нивен и преглед на возило „мазда“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден бил кокаин.

Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега