(ВИДЕО) Патник фрлал пари во моторот на авионот, летот одложен


Лет на кинескиот аеродром во средата беше одложен повеќе од четири часа бидејќи патник вметнал парички во моторот на авионот.

Летот CZ8805 на „China Southern Airlines“ требаше да полета за Пекинг околу 10:00 часот, но полета дури околу 14:16 часот.

На видеото споделено од бројни државни медиуми, стјуардесата го прашува патникот колку монети фрлил во моторот, на што мажот одговара – меѓу три и пет. Полицијата подоцна го однела патникот на аеродромот.

Авиокомпанијата соопшти дека монетите биле пронајдени при безбедносни проверки.

„Персоналот за одржување на авионот изврши сеопфатна безбедносна инспекција и утврди дека нема безбедносни проблеми пред полетувањето“, соопшти службата за клиенти на авиокомпанијата, пренесе Си-Ен-Ен.

„China Southern Airlines“ издаде предупредување за „нецивилизирано однесување“, велејќи дека фрлањето парички во моторот на авионот претставува закана за безбедноста. Во Кина во изминатите неколку години имаше неколку вакви инциденти, а патниците фрлаат парички верувајќи дека тоа „носи среќа“.

Минатиот октомври летот на „China Southern Airlines“ за Гуангжу беше одложен откако патник фрли парички кон авионот. Во 2021 година, летот на GX Airlines меѓу Вајфанг и Хаику беше откажан бидејќи беа пронајдени неколку монети завиткани во црвена хартија. Во 2017 година, еден постар патник фрли парички за време на влегувањето во авионот, тврдејќи дека тоа е молитва за безбеден лет.

08.03.2024 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега