Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО

Владата го овласти амбасадорот Дане Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО.
 
– Владата на Република Северна Македонија денеска одржа вонредна, 46-та седница, и донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО, соопшти владината прес служба. 
Финска и Шведска побараа членство во алијансата поради тоа што се чувствуваат загрозени.
18.05.2022 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега