ВМРО-ДПМНЕ: Четири дена Заев го нема во јавност

Заев заборави на ужасот во Тетово, сака да заборавите и вие. Прашањето е дали ќе му заборавите, дали ќе му дадете повторно апсолутна власт и дали тој ве направи среќни и дали направи да живеете поубаво?

Ова денеска го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека четири дена премиерот Заев го нема во јавност.

- Не излегува, се крие од народот, затоа што бега од одговорност. Заев денеска наместо да ги разреши Филипче и Хасани, пишува статуси на Фејсбук и лаже колку тоа сме блескале на економско поле, а во реалноста народот нема 50 денари во џеб и преживува, а сега дел од тој народ и жив изгоре. Бегањето од случајот со траорната несреќа во Тетово нема да го смени фактот дека Заев, Груби и Филипче се одговорни и мора да си одат, велат од партијата.

 

12.09.2021 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега