ВМРО-ДПМНЕ денеска во Сопиште, Аеродром и Гази Баба – СДСМ во Чешиново-Облешево, Кочани и Арачиново

Политичките партии денеска продолжуваат со изборната кампања, со промоција на програмите и кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.

На вчерашните митинзи и собири со граѓани лидерите на партиите и кандидатите за градоначалници ветија европска иднина и решавање на локалните проблеми на граѓаните.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод, Сопиште, Аеродром и Гази Баба.

Изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е меѓу граѓаните на Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани и Арачиново.

Изборните програми пред граѓаните ќе ги претстават и независните кандидати за градоначалници.

 

Кандидатите за градоначалници и носителите на листи за советници пред граѓаните ветуваат урбанизација, развој на локалната економија, подобрување на локална инфраструктура, намалување на социјалната исклученост, младинска вклученост, заштита на животната средина, искористување на компаративните предности на општината и промовирање на одржливиот локален развоj.

08.10.2021 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега