ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Ковачевски да не лаже, Европскиот Совет ги отпочна преговорите со Албанија

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Европскиот Совет ги отпочна преговорите со Албанија, а со Македонија отпочна фазата на отворање на преговори.

„На официјалната веб страна на Европскиот Совет во делот на соопштенија од Советот, во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ се гледа кој почнува преговори, а кој ќе чека уште.

Албанија почнува преговори, а Македонија уште е во чекална.

За Македонија да ги почне преговорите треба да се бугаризира, и тоа е директна вина на Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Предавникот Ковачевски трајно ги наруши македонските преговарачки позиции и нашите црвени линии, сметаат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот. Пратениците на партијата нема да гласаат за промена на Уставот.

 

Македонија мора да преговара со ЕУ под услови кои важеле за сите“, порачаа од партијата.

21.07.2022 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега