Во кои хороскопски знаци се родени најкрволочните сериски убијци?

Во потрага по тоа да ја откријат поврзаноста меѓу сериските убијци и хороскопските знаци, екипата од магазинот Bustle направи листа од дваесет и петте најкрволочни сериски убијци во светот и провери во кој хороскопски знак се родени. Резултатот покажа дека некои знаци се позастапени за разлика од останатите.

Секако, тоа не значи дека некој има предиспозиција да стане сериски убиец само затоа што е роден во одреден знак.

Еве за кои знаци станува збор:

Риби
Интересно е што Рибите се сметаат за мирни и поседуваат доста позитивни квалитети, но исто така е познато дека губат осет со реалност и се самосожалуваат. Токму овој хороскопски знак се најде на врвот на оваа листа. Дури пет од 25 сериски убијци од листата се родени во знакот на Риби.

Тоа се Денис Рејдер, Ејлин Воурнс, Доналд Хенри Гаскинс, Џон Вејн Гејси и Ричард Рамирез.

Второто место го делат три хороскопски знаци, во секој од нив се родени по тројца од најкрволочните сериски убијци.

Близнаци
Во овој хороскопски знак се родени Питер Сатклиф, Џефри Дејмер и Дејвид Берковиц.

Стрелец
Еден од најпознатите сериски убијци во светот, Тед Банди, роден е во знакот на Стрелец. Освен него, во овој знак се родени Денис Нилсен и Едминд Кемпер.

Рак
Меѓу особено емотивните Ракови родени се тројца убијци, Гери Риџвеј, Роберт Хансен и Луис Алфредо Гаравито.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа