Во Романија се гради најголемата воена база на НАТО во Европа

Започна изградбата на најголемата воена база на НАТО во Европа, која се наоѓа во Романија.

Со големина на мал град, на површина од речиси 3.000 хектари, таа локација ќе може трајно да смести до 10.000 војници на НАТО и нивните семејства.

Проектот, вреден 2,5 милијарди евра, вклучува писти, платформи за оружје, хангари за воени авиони, како и училишта, градинки, продавници, па дури и болница, објави романски Еуроњуз.

Базата Михаил Коганичеану во областа Констанца ќе се претвори во најважната локација на НАТО во Европа.

Работите за проширување се во полн ек, но кога ќе се заврши, оваа база ќе стане најголемата база на НАТО во Европа, надминувајќи ја германската база Рамштајн.

„Таа база ќе стане најважната постојана воена структура на НАТО во непосредна близина на конфликтот на југот на Украина. Да не замислиме дека овој конфликт ќе заврши оваа година во 2025, 2026 година, тоа е долгорочен конфликт“, рече Дорин Попеску, геополитички аналитичар.

18.03.2024 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега