Завршува огласот за Претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Кој се пријави?

Јавниот оглас за пријавување на претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ завршува денеска до 17 часот. До вчера претпладне, според претседателот на партијата Христијан Мицкоски, немаше поднесено ниту една кандидатура, па, така се очекува тоа да биде направено во текот на следните часови.

Медиумите повеќе пати пишуваа дека неофицијалните кандидати во ВМРО-ДПМНЕ се професорката Гордана Силјановска Давкова и професорот Александар Спасеновски. Очекувањата се дека ќе биде објавено кој се пријавил на јавниот оглас, а на 2 март на конвенција да биде промовиран претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вчера не кажа дали неделава СДСМ ќе го соопшти претседателскиот кандидат. Ковачевски повтори дека конгресот на кој што се соопштува претседателскиот кандидат ќе биде или на крајот на овој, или на почетокот на идниот месец.

-Нашиот претседателски кандидат се залага за интегреирање на Северна Македонија во ЕУ, за градење на општество во кое секој поединец ќе биде третиран на ист начин без разлика на неговата етничка или која било друга припадност, бидејќи ние сме имале во држава времиња кога не бил ист третманот за сите, додаде Ковачевски.

21.02.2024 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега