Зеќири: Законските измени се важни за сите стратешки национални проекти во инфраструктурата
Измените на законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 Д се во согласност со Уставот и во насока да ја олеснат работата на терен, истакна пратеничката од СДСМ Белкиса Зеќири во реплика на денешната собраниска седница.
„Измените се прават за поефикасно, поефективно и поевтино да се завршат проектите што се од стратешки интерес. И ова не е само за сегашните коридори, туку и за сите идни национални стратешки проекти во инфраструктурата“ истакна Зеќири.
Пратеничката Зеќири посочи дека клучни елементи од Договорот со Бехтел и Енка, како што е вредноста на договорот, начинот и времетраењето на градбата никогаш не биле тајна, додавајќи дека со изградбата на коридорите нашата држава конечно станува вистинска крстосница во регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа