ДУИ: Мицкоски јавно призна дека ВМРО-ДПМНЕ е антиалбански ориентирана партија

Молкот на Мицкоски кон воено поттикнувачките изјави на неговиот сопартиец Александар Николовски е уште едно јавно признание на антиалбанската ориентација на ВМРО ДПМЕ и целосно демаскирање на нивните стратешки цели за влошување на меѓуетничките односи, реагираат од ДУИ.

Очигледно, се додава во нивното соопштение, фотографијата на неговиот лидер, Мицкоски со калашников во рацете го инспирирала Николовски да употреби реторика на омраза кон своите сограѓани Албанци, неприфатлив и скандалозен вокабулар за еден политичар во денешно време.

„Овој период, јавноста беше сведок на низа антиалбански дејствија на ВМРО ДПМНЕ, почнувајќи од клевети и обвинувања без факти за лидерите на албанската политика во земјата, локалните расистички политики на бојкотирање на Албанците, за сега да стигнат до директни закани со војна и нарушување на јавниот ред и мир. ВМРО ДПМНЕ, Левица, сите нивни соработници и оние Албанци кои се ставени во служба на овие агенди, треба да знаат дека ваквите постапки не поминуваат, никогаш нема да можат да ја дефокусираат јавноста и државата од европскиот дух со лаги и измами, кои се докажани и добро демаскирани доктрини и со судски одлуки за криминал и корупција“, се потенцира во пишаниот допис.

Демократската унија за интеграција и сите прогресивни сили во државата, додаваат од таму, нема да дозволат рушење на добрите меѓуетнички односи изградени со многу домашни и меѓународни политички инвестиции.

21.02.2023 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега