Џафери: Вистината е дека сакаме да ја видиме ДУИ обединета, по штетите направени од Груби

 

На партиски собир, првиот човек на огранокот на ДУИ Сарај, Исни Јакупи, кој е и дел од „огнената група“, рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт.

Секретарот за родова рамноправност на ДУИ, Саранда Имери Стафаи рече дека од почетокот на средбите пред два месеци, бројот на граѓаните на собири само расте, а од Артан Груби се уште нема отчет за недостигот на инвестиции во Полог и Сарај. Стафаи рече дека во моментов на земјава и треба македонската опозиција да гласа за уставните измени, а не да влегуваат нови партии во владата за да го спасат Артан Груби.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ, зошто има паралелни собири.

„И оваа иницијатива има своја генеза, која започнува пред 3 години кога оваа извршна власт почна да го турне ДУИ во погрешен правец. Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ- силна и обединета, по штетите што му ги направи Артан Груби“, кажа Џафери кој му најави на Груби да се откаже, бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ.

Членот на Претседателството Невзат Бејта рече дека не ја делат ДУИ, туку напротив ја обединуваат, затоа што таа е на секој гласач и на секој граѓанин, рече Бејта, додавајќи дека ДУИ била обединета до пред 3 години, кога дојде Груби и започна поделбата.

21.02.2023 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега