Градоначалникот Стефковски одликуван со Орден од МПЦ


Со одлука на Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, а врз основа на член 77 од Уставот на Македонската православна црква – Охридска архепископија, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски е одликуван со орден 
Архепископ Доститеј.

Во одлуката за доделување на орденот стои: Одличието Архепископ Доститеј му се доделува на Бобан Стефковски за неговиот особен придонес при изградбата и украсувањето на храмот Св. 40 Маченици во Смилковци - Скопско.

Орденот на градоначалникот Стефковски му беше врачен од страна на Архепископот Господин Господин Стефан на осветувањето на храмот Св. 40 Маченици на Смилковското езеро.

14.04.2024 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега